ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека по повод верскиот празник Духовден, утре шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат со скратено работно време, од 07:30 до 15:30 часот.
Од претпријатието додаваат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота).
Воедно, апелираат до граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до услугите.
Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk, а пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk.

