Трагедија го потресе Скопје, кога осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија, објави Скопје 1.
Во МВР случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), каде живеела и нејзината мајка М.В. (85). Огнот избувнал на долниот кат од куќата. Жената не успеала навреме да излезе, јавува Скопје 1.
Екипа на Итната медицинска помош констатирале смрт на местото на настанот.

