Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска во студентски дом „Стив Наумов“ – Увид во градежните активности

    Јаневска во студентски дом „Стив Наумов“ – Увид во градежните активности

    28.05.2026 во 08:061 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во градежните активности за целосната реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда.

    Според најавите од Министерството за образование и наука, реконструкцијата на домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ е во завршна фаза, а од академската 2026/2027 година се очекува студентите повторно да бидат сместени во обновените капацитети.

    Јаневска на крајот на март изјави дека од 1 октомври очекува студентите да се вселат во реновираните домови, а најави и почеток на реконструкција и на останатите студентски домови низ државата.

    Проектот за обнова на студентските домови се реализира со заем од Германската развојна банка и грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија. Во план е темелна реконструкција на девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

    Реконструкцијата се спроведува во рамки на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и ќе се реализира во повеќе фази. Градежните активности на домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ ги изведува компанијата „Страбаг АГ“.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.