Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски за Сител: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“

    Герасимовски за Сител: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“

    27.05.2026 во 21:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва беше гостин во студиото на Дневникот на Сител телевизија, каде информираше за состојбата по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беше евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат.

    Герасимовски истакна дека веднаш по инцидентот свикал итен кризен состанок, на кој присуствувале деканот на Градежниот факултет, претставници од Државниот инспекторат за труд, инвеститорите, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица од надлежните служби, со цел итно координирање на активностите и преземање мерки за заштита на граѓаните.

    Тој упати голема благодарност до деканот и стручниот тим на Градежниот факултет, кои веднаш излегле на терен и помогнале со стручно мислење, експертска анализа и конкретни насоки за надминување на состојбата и спречување на дополнителни ризици.

    „Сакам јавно да упатам благодарност до деканот и стручниот тим на Градежниот факултет, кои веднаш ни излегоа во пресрет и излегоа на терен. Во вакви ситуации, експертското мислење е клучно за носење брзи и одговорни одлуки и токму затоа веднаш постапивме по нивните насоки“, истакна Герасимовски.

    Градоначалникот информираше дека во текот на денешниот ден до Општина Центар официјално бил доставен извештајот, односно стручните насоки и мислење од Градежниот факултет, по кои веднаш е постапено.

    Согласно добиените препораки, Општина Центар изготвила и доставила решение за итно затрупување и обезбедување на градилиштето, со цел стабилизација на теренот, намалување на ризиците и заштита на безбедноста на граѓаните и околните станбени објекти.

    При инспекцискиот надзор, како што посочи Герасимовски, биле констатирани сериозни неправилности во изведбата на градежните активности, при што било утврдено дека дел од работите не биле изведувани согласно одобрението за градење издадено од Општина Центар.

    „Нашите инспектори веќе изрекоа повеќе санкции, а постапките против инвеститорот и изведувачот продолжуваат. Нема да дозволиме несовесно, неодговорно и небезбедно градење во Центар. Најстрого ќе бидат санкционирани сите што не постапуваат согласно законите и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, нагласи Герасимовски.

    Тој посочи дека Општина Центар ќе продолжи со санкционирање на инвеститорот и изведувачот, како и со преземање на сите законски механизми за утврдување одговорност, бидејќи, како што рече, недозволиво е да се гради спротивно на одобрението за градење и притоа да се доведуваат во ризик јавната безбедност и инфраструктурата.

    Општина Центар останува на терен и будно ќе ја следи состојбата сè до целосно отстранување на ризиците, санација на штетите и обезбедување целосна безбедност на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.