Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Хорор во Скопје: Дете готвело и се запалил станот, со изгореници префрлено на Градска

    27.05.2026 во 14:21

    Заталкан куршум проби покрив на „ауди“ во тетовско, полицијата врши истрага

    27.05.2026 во 14:16

    УКИМ се поврзува со германски универзитети – Потпишан меморандум за циркуларна економија

    27.05.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Хорор во Скопје: Дете готвело и се запалил станот, со изгореници префрлено на Градска
    • Заталкан куршум проби покрив на „ауди“ во тетовско, полицијата врши истрага
    • УКИМ се поврзува со германски универзитети – Потпишан меморандум за циркуларна економија
    • УЈП со важно известување до граѓаните: Истекува рокот за даночните пријави, еве до кога мора да ги потврдите
    • Паднаа во рацете на полицијата: 14 лица затекнати зад воланот без возачка дозвола
    • Ѓорѓиевски, Велковски и Герасимовски заедно со матурантите од Домот „11 Октомври“: Секое дете заслужува поддршка за светла иднина
    • Андоновски: Инвестираме милионски суми во дигитални хабови и центар за вештачка интелигенција
    • Апсења во Скопје: Приведени четири лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Хорор во Скопје: Дете готвело и се запалил станот, со изгореници префрлено на Градска

    (ФОТО) Хорор во Скопје: Дете готвело и се запалил станот, со изгореници префрлено на Градска

    27.05.2026 во 14:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тринаесетгодишно дете е пренесено во болница со полесни изгореници и знаци на труење од чад, по пожарот што денеска околу пладне избувна во стан во строгиот центар на Скопје.

    Настанот официјално го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“, соопштуваат од МВР.


    Според информации на Press24 од очевидци и извори од истрагата пожарот избувнал во стан каде тринаесетгодишното дете било оставено само дома. Додека готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обид да го изгаси огнот и да спречи поголема штета, детето ги земало запалените предмети и ги изнесло на терасата. Меѓутоа, таму пламенот веднаш ги зафатил пружените алишта, по што се развил густ и голем чад кој ги вознемирил станарите во околните згради. Благодарение на брзата реакција, детето успеало навреме да излезе надвор од објектот.

    Во несреќата, малолетникот се здобил со помали изгореници кои не се опасни по живот, но веднаш со возило на Итната медицинска помош е пренесен на дополнителен преглед во Градската општа болница во Скопје, со цел да се утврди дали и во која мера има вдишено од густиот чад.

    Прочитај повеќе

    Заталкан куршум проби покрив на „ауди“ во тетовско, полицијата врши истрага

    27.05.2026 во 14:16

    Паднаа во рацете на полицијата: 14 лица затекнати зад воланот без возачка дозвола

    27.05.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.