Close Menu
Press24
    Најново

    Левица ја презема иницијативата – во понеделник ќе свика средба за Изборниот законик

    09.07.2026 во 18:16

    Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

    09.07.2026 во 18:00

    Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање

    09.07.2026 во 17:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица ја презема иницијативата – во понеделник ќе свика средба за Изборниот законик
    • Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
    • Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
    • Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи
    • Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway
    • Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
    • Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана
    • На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски, Велковски и Герасимовски заедно со матурантите од Домот „11 Октомври“: Секое дете заслужува поддршка за светла иднина

    Ѓорѓиевски, Велковски и Герасимовски заедно со матурантите од Домот „11 Октомври“: Секое дете заслужува поддршка за светла иднина

    27.05.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска присуствуваа на прославата по повод завршувањето на образованието на штитеници од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

    Настанот беше организиран во чест на четворица матуранти и една полуматурантка од оваа установа, кои го заокружуваат своето досегашно школување и преминуваат во нова животна фаза.

    Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи упати порака на поддршка до младите, потенцирајќи ја важноста на заедницата и воспитувачите кои волонтерски и професионално го заменуваат семејното опкружување.

    „Семејството е најголемата сила во животот на едно дете. Секое дете заслужува да расте опкружено со љубов, сигурност и топлина. Но животот понекогаш носи тешки патишта, без вина на децата. Токму затоа, огромна почит заслужуваат воспитувачите, негувателите и сите луѓе кои низ годините биле нивна поддршка, нивна сигурност, нивна рака за држење и нивно второ семејство. Љубовта што тие ја даваат е тивка, силна и безвременска“, истакна Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека институционалната и личната грижа за овие категории на млади луѓе не смее да запре со завршувањето на самата свеченост.

    „Сите деца се наши деца. А нашата грижа не завршува со еден настан, со една честитка или со една прослава. Продолжува преку дела, поддршка и цврста заложба за подобро утре и светла иднина. Ви благодарам за прекрасниот ден, за насмевките, за емоцијата и за потсетувањето дека најголемата вредност што можеме да ја дадеме е човечноста“, порача градоначалникот на Кисела Вода.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има

    09.07.2026 во 08:29

    Ќе нема струја 8 часа, исклучувања низ Скопје – На неколку улици ќе нема и вода

    09.07.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.