Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Инвестираме милионски суми во дигитални хабови и центар за вештачка интелигенција

    27.05.2026 во 13:55

    Апсења во Скопје: Приведени четири лица

    27.05.2026 во 13:50

    Драма во Аеродром: Велосипедист нападнат со тврд предмет, му го одзеле ранецот со пари

    27.05.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Инвестираме милионски суми во дигитални хабови и центар за вештачка интелигенција
    • Апсења во Скопје: Приведени четири лица
    • Драма во Аеродром: Велосипедист нападнат со тврд предмет, му го одзеле ранецот со пари
    • Сакал да ја поништи казната за паркирање на брат му со лага дека возилото е на МВР – Полицаец од Битола заработи кривична пријава
    • Грција воведува строги казни за туристите на популарна плажа
    • Член на криминалната група „Пинк Пантер“ уапсен во БиХ
    • Филипче до власта: Распишете референдум за ЕУ
    • Спектакл за 35 години независност: Светскиот тенор Хозе Карерас доаѓа во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Инвестираме милионски суми во дигитални хабови и центар за вештачка интелигенција

    Андоновски: Инвестираме милионски суми во дигитални хабови и центар за вештачка интелигенција

    27.05.2026 во 13:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски учествуваше на настанот „Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст“, организиран од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Фондацијата Конрад Аденауер, каде во фокусот беше презентацијата на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан.

    Во рамки на панел-дискусијата посветена на иновациските политики и дигиталната трансформација, Андоновски истакна дека Владата прави конкретен исчекор од регулатива кон директна имплементација на мерки што го поттикнуваат иновацискиот развој.

    Тој посочи дека изминатата година бил донесен Законот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, со што се поставени темелите за системска поддршка на иновациите, а годинава фокусот е ставен на директни инвестиции и практична имплементација.

    Министерот нагласи дека Владата инвестира во два европски дигитални иновациски хабови кои работат по принципот „test before invest“ и се поврзани со универзитетите и стопанските комори.

    Преку ИНОФЕИТ ЕДИХ, предводен од ФЕИТ, се инвестираат 1 милион евра, дополнителни 1 милион евра се инвестираат во ДИГИТ-МАК, предводен од ФИНКИ. Според Андоновски, овие центри имаат значајна улога во дигиталната трансформација на компаниите, институциите и развојот на домашниот иновациски екосистем.

    Тој се осврна и на изградбата на центарот за вештачка интелигенција „Везилка“, за кој се обезбедени 2 милиони евра инвестиција, а кој ќе биде ставен на располагање и на јавниот и на приватниот сектор.

    „Како Влада се движиме од регулација кон имплементација. Ако минатата година дефиниравме правила за иновации и го донесовме Законот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, оваа година веќе инвестираме директно во иновациите. Тоа го правиме преку ИНОФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, како и преку центарот за вештачка интелигенција ‘Везилка’. Продолжуваме со дигитализација на услугите за компаниите и приватниот сектор, со цел да создадеме подинамична, поефикасна и модерна администрација која ќе носи резултати и успех“, изјави министерот Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Апсења во Скопје: Приведени четири лица

    27.05.2026 во 13:50

    Драма во Аеродром: Велосипедист нападнат со тврд предмет, му го одзеле ранецот со пари

    27.05.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.