Close Menu
Press24
    Најново

    Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

    27.05.2026 во 11:07

    Се шири опасниот хантавирус на луксузниот крузер – бројот на заразени расте, веќе има и починати

    27.05.2026 во 11:03

    Филипче за Курбан Бајрам: Силата на општеството се мери преку обединетоста и хуманоста

    27.05.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка
    • Се шири опасниот хантавирус на луксузниот крузер – бројот на заразени расте, веќе има и починати
    • Филипче за Курбан Бајрам: Силата на општеството се мери преку обединетоста и хуманоста
    • Убиен новиот воен водач на Хамас: Неговиот претходник беше елиминиран само 11 дена порано
    • ВМРО-ДПМНЕ: Курбан Бајрам е празник на солидарноста и обединувањето
    • Мицкоски го честита Курбан Бајрам: Различностите треба да бидат сила
    • Денеска се слави Свети Исидор: Му го отсекоа јазикот бидејќи не се откажа од Христос, па се случи големо чудо
    • Царината со нови детали: Минибусот со половина милион евра тргнал од Германија кон Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

    Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

    27.05.2026 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатите две години, според соопштение на Левица, МВР под раководство на Панче Тошковски не презело значајни активности во врска со наводите за можни злоупотреби поврзани со фирмата што вршела надзор над проектот со „Бехтел и Енка“, иако во јавноста биле објавени сомнежи за високи трошоци и хонорари.

    Од Обвинителството информираат дека предметот засега не напредува поради, како што наведуваат, недоволно постапување од страна на МВР во предистрага која трае околу две години. Тие додаваат дека биле испратени и ургенции до МВР за постапување по случајот, се наведува во соопштението на Левица.

    Во меѓувреме, се менува сопственичката структура во фирмата за надзор ,,Електра Солушнс” и нов сопственик станува Бојан Савески – кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Со тоа, ДПМНЕ од наводен критичар на криминалниот договор со „Бехтел и Енка“ стана директен учесник во шемата од која се вртат милиони евра народни пари.

    Особено симптоматична е улогата на „Електра Солушнс“ – фирма која јавноста ја памети како компанија за долен веш, а која подоцна доби околу 8 милиони евра од надзорот над коридорите. Токму ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, јавно прашуваше како фирма за долен веш добива милионски договори за стратешки инфраструктурен проект. Денес, кога нивни луѓе влегуваат во структурата на надзорот, за истата фирма и истиот криминал – Мицкоски молчи. Јавно објавените информации покажаа и вртоглави суми за ангажираните експерти од Македонија преку оваа фирма: по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и дури 300.000 евра по преговарач!

    Панче Тошковски и МВР уште еднаш покажаа дека ветувањата за одговорност за историскиот криминал со ,,Бехтел и Енка” биле само предизборна лага. Откако Артан Груби им „избега“, па сам се врати без институционална реакција, сега истите структури го штитат и криминалот со „Бехтел и Енка”. ДПМНЕ не само што не го гони историскиот криминал со „Бехтел и Енка“, туку очигледно реши да стане дел од него.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Курбан Бајрам е празник на солидарноста и обединувањето

    27.05.2026 во 10:44

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите

    27.05.2026 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.