Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се врати Ципрас: Поранешниот премиер формираше нова партија – тргнува во уривање на Мицотакис

    Се врати Ципрас: Поранешниот премиер формираше нова партија – тргнува во уривање на Мицотакис

    27.05.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во вторникот вечерта во атинската населба Тисејо ја претстави основачката декларација на својот нов политички проект наречен ЕЛАС (Грчка левичарска коалиција). Со ова, тој се обидува повторно да ја собере распарчената левица и да се врати во центарот на грчката политика.

    Овој потег доаѓа по долг период на шпекулации за неговиот камбек, откако се повлече од СИРИЗА по изборниот пораз во 2023 година, а минатата година се откажа и од пратеничкиот мандат со порака дека не ја напушта политиката.

    Новиот проект ЕЛАС се најавува како поширок народен фронт, а не како уште една мала партија. Ципрас во својот говор порача дека промената ќе дојде директно од општеството и дека неговата коалиција ќе ја носи традицијата на раниот ПАСОК и првичната СИРИЗА.

    Во основата на декларацијата е спој на левичарската реторика со ветувања за економски развој, борба против олигархијата и воспоставување на „нов патриотизам“.

    Новата партија официјално претстави седум клучни обврски пред грчкиот народ:

    • Достоинствен живот за сите граѓани
    • Силна демократија без недопирливи поединци
    • Праведен економски развој на земјата
    • Обнова на социјалната држава
    • Отпорна Грција пред кризи и климатски последици
    • Дигитална демократија и суверенитет
    • Силна држава која ги штити своите права и гради мостови

    За време на говорот, тој најостро удри по Нова демократија и ПАСОК, обвинувајќи ги дека се зависни од банките и дека ја довеле земјата во институционално назадување преку корупцијата, прислушувањата и железничката трагедија во Темпи.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.