Close Menu
Press24
    Најново

    Признание за Пленковиќ и Мицкоски од Стопанската комора за придонес за регионалната бизнис интеграција

    26.05.2026 во 21:09

    Изгубена е жена во Скопје: Син ја бара мајка си – да помогнеме

    26.05.2026 во 20:46

    ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

    26.05.2026 во 20:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Признание за Пленковиќ и Мицкоски од Стопанската комора за придонес за регионалната бизнис интеграција
    • Изгубена е жена во Скопје: Син ја бара мајка си – да помогнеме
    • ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
    • Раст на цената на нафтата
    • Јаревски: Пет квартали по ред бележиме економски раст, капиталните инвестиции даваат резултати
    • СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија
    • Стојаноски: Со одговорни економски политики се враќаат старите долгови и се инвестира во развојни проекти
    • Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Признание за Пленковиќ и Мицкоски од Стопанската комора за придонес за регионалната бизнис интеграција

    Признание за Пленковиќ и Мицкоски од Стопанската комора за придонес за регионалната бизнис интеграција

    26.05.2026 во 21:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција.

    Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната економска соработка и интеграција на бизнисот. При доделувањето на признанијата, во рамки на средбата помеѓу бизнис заедниците од двете држави, претседателот Азески посочи дека оваа со оваа награда бизнис заедницата им оддава благодарност на двајцата премиери за нивната конитнуирана заложба и посветеност во насока на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и создавање нови можности за бизнис-заедницата.

    Андреј Пленковиќ, како лидер на земја членка на Европска Унија, со своето искуство и активен ангажман дава значајна поддршка на процесите на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, пренесувајќи знаење, практики и стандарди кои придонесуваат за побрзо усогласување со европското законодавство и деловна култура. Посветеноста кон зајакнување на економските врски помеѓу двете држави е потврдена и со последната одлука на Хрватска за одобрување на можноста за издавање долгорочни визи за професионалните возачи со што се продонесува за надминување на проблемот со престој во шенген зоната.

    Проф. д-р Христијан Мицкоски, како што вели Азески, преку својата посветеност на економските реформи, подобрувањето на инвестициската клима и зајакнувањето на регионалните економски врски, активно работи на позиционирање на Република Македонија како доверлив партнер и атрактивна дестинација за инвестиции. Неговите заложби за унапредување на инфраструктурната поврзаност, дигиталната трансформација и поддршката на приватниот сектор создаваат основа за одржлив економски раст и поголема конкурентност.

    Во своето обраќање на заедничкиот деловен настан кој се одржа во Охрид на бизисмените од двете држави (Хрватска и Македонија), Азески вели – човекот сигурно не работи за да добие признание, но може да се каже дека не е рамнодушен кога другите изразуваат почит кон неговата работа. Признанието доаѓа неочекувано на различни начини, но најчесто го сугерираат пријатели и следбеници кои знаат што значи тоа. Особено значајни се признанијата што доаѓаат од странство, а најмногу од деловни здруженија. На овој начин се дава признание за долгорочни ангажмани за подобрување на соработката меѓу земјите. Сепак, тоа е признание и голема обврска да се удвојат напорите што се вложени досега за државата и општеството да одат напред.

    Зошто најголемата и најбројната бизнис заедница во нашата земја ги избра овие двајца господа за таков гест на почит? Бидејќи нивната политичка работа со децении е доминирана од бизнисот и економијата, особено регионалната соработка. Го познавам г-дин Пленковиќ уште од Мостарскиот саем, а г-дин Мицкоски уште од времето кога работеше во Електростопанството на Македонија и отсекогаш се залагал за развој на бизнисот и економска соработка. Нашата комора годинава слави 104-годишнина и е членка на сите светски коморски здруженија.

    На бизнис средбата помеѓу двете земји во присуство на премиерите и економски министри од двете земји присуствуваа и првите луѓе на Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, ИГМ Трејд Кавадарци, Макпрогерс Виница, Кожувчанка Кавадарци, Тиквеш АД Кавадарци, МЕПСО АД Скопје, кои ја презентираа заинтересираноста за поголема соработка но и остварување нови деловни партнерства.

    Билатералниот настан од ваков тип е основа за заеднички, преку визија заснована на соработка, интеграција и споделени европски вредности, да се работи на создавање на поинтегриран регион, во кој економиите се поврзани, а бизнисите имаат поголеми можности за развој, раст и интернационализација.

    Прочитај повеќе

    Изгубена е жена во Скопје: Син ја бара мајка си – да помогнеме

    26.05.2026 во 20:46

    ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

    26.05.2026 во 20:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.