Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Со одговорни економски политики се враќаат старите долгови и се инвестира во развојни проекти

    26.05.2026 во 19:34

    Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов

    26.05.2026 во 19:28

    Оваа навика ја смее Кејт Мидлтон во палатата: „Вилијам и децата само се кријат“

    26.05.2026 во 18:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Со одговорни економски политики се враќаат старите долгови и се инвестира во развојни проекти
    • Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
    • Оваа навика ја смее Кејт Мидлтон во палатата: „Вилијам и децата само се кријат“
    • Вооружени турски авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор, тврдат властите на Грција
    • САД и Ерменија потпишаа договор за стратешко партнерство
    • Стоилковиќ: Платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа пример за создавање нови можности
    • Стефковски: Гази Баба станува нов логистички центар за македонското земјоделство
    • ФОТО: Автомобил се преврте на улица – заврши во двор од куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Со одговорни економски политики се враќаат старите долгови и се инвестира во развојни проекти

    Стојаноски: Со одговорни економски политики се враќаат старите долгови и се инвестира во развојни проекти

    26.05.2026 во 19:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба да вратиме шест милијарди евра стари долгови, а во наредните од 2026-2031 некаде отприлика 9 милијарди евра долгови, коишто без исклучок сите се земени од претходната влада. И токму голем дел од овој заем ќе биде за потпирање и за враќање на стариот долг, а во јуни месец треба да ја исплатиме втората транша од еврообврзницата од 700 милиони евра којашто е земена во 2020 година. Во претходниот мандат кога СДС беше на власт од 2020 до 2024 во Собранието се пристигнати 28 закони за задолжување и без исклучок сите се пристигнати во скратена постапка. Овој закон не може да не е транспарентен бидејќи прво е усвоен во Влада, потоа е доставен до сите пратеници, матичната комисија ја претседава пратеничка од СДС“, истакна Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Телма во емисијата „Директно“.

    Стојаноски истакна дека дел од средствата од новиот заем ќе бидат наменети за враќање на стари долгови и реализација на капитални проекти, обвинувајќи ја претходната власт за зголемување на јавниот долг и нетранспарентно трошење на државните пари.

    „Со дел од овие средства покрај враќањето на старите долгови ќе се финансираат и одредени капитални проекти, суштината на нашата економска филозофија е финансирање на капитални инвестиции и така да дојдеме до економски раст којшто го имаме и којшто сега е присутен. Ние кога заминавме од власта го оставивме јавниот долг на 4,7 милијарди отприлика 44-5% од БДП, 2024 година имавме 8,8 милијарди што значи 10 проценти поени покачен долг. Ние во овие две години вративме 2 еврообврзници, едната од 500 милиони, едната од 700 милиони и за тоа требаше да обезбедиме средства од 1,2 милијарди евра“, рече Стојаноски и праша:

    „За што беа тие пари потрошени? Државниот завод за ревизија укажа дека најголем дел од тие средства се трошеле нетранспарентно и криминално“. 

    Стојаноски на крај се осврна и на унгарскиот кредит за кој посочи дека тие средства мултипликативно ќе се вратат во Буџетот, а како резултат на тоа е тоа што во 6 квартали по ред има раст на БДП од 3,4%.

    „Тие 250 милиони евра коишто беа дадени кон деловните субјекти како и овие 250 милиони евра коишто беа дадени кон општините се средства коишто мултипликативно ќе се вратат во Буџетот, и токму затоа вие имате ситуација во којшто 6 квартали по ред вие имате раст на БДП од 3,5%“, дециден е Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Охрид: Нема повеќе идентитетски отстапки за ЕУ, подготвени сме да ја платиме цената

    26.05.2026 во 16:57

    Собранието го изгласа заемот од 260 милиони евра за буџетски потреби и враќање на стари долгови

    26.05.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.