Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тензии на Егејот: Симулирана воздушна битка меѓу грчки и турски авиони F-16

    Тензии на Егејот: Симулирана воздушна битка меѓу грчки и турски авиони F-16

    26.05.2026 во 10:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вооружени турски борбени авиони повторно го нарушиле грчкиот национален воздушен простор, при што еден од инцидентите довел до симулирана воздушна битка меѓу два грчки и два турски авиони F-16 во областа меѓу островите Лемнос и Лезбос, пренесува „Катимерини“.

    Грчките власти соопштија дека во текот на вчерашниот ден (понеделник) биле регистрирани вкупно 10 повреди на воздушниот простор. Ова е веќе трет ваков инцидент од почетокот на 2026 година, по претходните случаи регистрирани на 26 март и 12 мај.

    Во овој дел од Егејското Море во моментот немало воени активности, со оглед на тоа што турската вежба „Ефес 2026“ завршила на 22 мај. Официјална Атина сега анализира дали настанот е изолиран инцидент или пак Анкара се враќа на претходните тактики на притисок.

    За инцидентите се говореше и во грчкиот парламент, каде министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, одговарајќи на прашање за доктрината „Сина татковина“, потенцираше дека меѓународното право бара договор меѓу соседните земји за разграничување на ексклузивната економска зона.

    Ваквите прелети се случуваат во период на долгогодишни спорови меѓу Грција и Турција околу воздушниот простор, поморските зони и енергетските интереси, што придонесува за брзо враќање на атмосферата на недоверба меѓу двете земји.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.