Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Вашингтон: Македонија има јасна цел – посилно партнерство со САД и членство во ЕУ
    • Македонската полиција ги фати – Двајца крадци со лисици на рацете
    • Свети Захариј – таткото на Свети Јован Крстител: Ангел му ја најавил радосната вест
    • Водовод најави исклучување – Улици во Скопје денеска без вода
    • ФОТО: „Живи и мртви“ – Наезда на глувци и стаорци кај „Буњаковец“ во близина на училиште
    • ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“
    • Златото повторно „полета”: Еве колку чини унца на светските берзи
    • Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инспекциските служби излегле на терен – Казни за инвеститорот по свлечиштето во Центар

    Инспекциските служби излегле на терен – Казни за инвеститорот по свлечиштето во Центар

    26.05.2026 во 08:341 Min Read
    Принтскрин,
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи излегле на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е оштетена јавна површина и инфраструктура во близина на градежен зафат.

    Од Општината информираат дека по извршениот увид се констатирани оштетувања на коловозот, тротоарите, канализационата мрежа и уличното осветлување, по што биле изречени санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските.

    -Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор. Општина Центар нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. За секое прекршување ќе следуваат ригорозни мерки согласно законските надлежности – наведуваат од Општината.

    Истовремено, преземени се мерки за обезбедување на локацијата, а инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот и да ја санира настанатата штета, со цел враќање на инфраструктурата во првобитна состојба.

    Од МВР информираат дека при ископ на градежна локација дошло до свлечиште, при што бил затрупан багер, а оштетени се делови од тротоарот, улицата и едно паркирано возило. Случајот е пријавен до надлежните институции, а се преземаат мерки за расчистување на настанот.

    Прочитај повеќе

    Водовод најави исклучување – Улици во Скопје денеска без вода

    18.09.2026 во 10:03

    ФОТО: „Живи и мртви“ – Наезда на глувци и стаорци кај „Буњаковец“ во близина на училиште

    18.09.2026 во 09:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.