Трагедија ја потресе Македонија кога оперскиот пејач Ристе Велков, на 51-година почина заедно со синот Адам Велков (20) и негови другари Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, во страотна сообраќајка на 21. мај. на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, кога Б.Б. (76) од Косово, управувајќи камион изгубил контрола и преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот.
Сопругата на Ристе Велков, Христина Велкова, по несреќата се огласи на својот профил на социјалните мрежи.
„Збогум љубов моја! Збогум кралу мој! Збогум мој NABUCCO! Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од “Nabucco”- силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко но овој пат засекогаш. Денеска и небото плачеше со нас за тебе и за нашиот принц Адам. Чувај го таму горе како што го чуваше овде на земјата, а јас ти ветувам дека душата ќе ја дадам за да ја пораснам и изведам на прав пат нашата малечка Марија. Збогум љубов моја“, напиша Христина скршена од болка на својот Фејсбук профил.

