Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Oбјавени првите детали за причините за страшната несреќа во Белград – повредени 15 лица

    Oбјавени првите детали за причините за страшната несреќа во Белград – повредени 15 лица

    25.05.2026 во 13:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во белградската населба Дорчол, откако трамвај на линијата број 5 излета од шините на крстосницата меѓу улиците „Цара Душана“ и „Книќанинова“.

    Според официјалните информации од Првото основно обвинителство во Белград, во инцидентот се повредени вкупно 15 лица, вклучувајќи ги патниците и возачот на возилото.

    На местото на несреќата веднаш интервенирале пет екипи на Брзата помош кои им пружиле прва помош на настраданите, по што единаесет возрасни се пренесени во Ургентниот центар, а две деца во Детската болница.

    Белградското јавно сообраќајно претпријатие (ГСП) соопшти дека трамвајот по излетувањето удрил во блиска зграда, а првичните сомнежи за причините се насочени кон човечки фактор.

    „Според моменталните информации, најголемиот број повреди се од полесна природа, додека двајца патници се здобиле со сериозни повреди во форма на скршеници на екстремитетите“, се наведува во соопштението на ГСП.

    „Според прелиминарните информации и моменталните информации, постојат индикации дека една од можните причини за инцидентот би можела да биде човечкиот фактор, имено несоодветната брзина на возилото при минување низ префрлувачот, како и проверка на положбата на самиот префрлувач, објави ГСП.“

    Надлежните служби истакнуваат дека до крајот на истрагата ќе бидат земени предвид сите вештачења за целосно да се расветли овој тежок сообраќаен инцидент во главниот град на Србија.

    „Конечната причина и сите релевантни факти ќе бидат утврдени по завршувањето на постапката и спроведената стручна анализа. Изразуваме искрено жалење за повредите на патниците и возачот и им посакуваме на сите брзо и успешно закрепнување“, се наведува во соопштението од ГСП „Београд“.

    Локалните медиуми пренесуваат сведоштва на очевидци кои тврдат дека во моментот на силниот удар настанало паника, при што дел од патниците се обидувале да се спасат скокајќи низ прозорците на накосениот трамвај.

    Прочитај повеќе

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.