Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Фотографија на член на СДСМ со бугарски активист е доказ за антимакедонски позиции

    ВМРО-ДПМНЕ: Фотографија на член на СДСМ со бугарски активист е доказ за антимакедонски позиции

    24.05.2026 во 10:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон е со бугарскиот активист Виктор Стојанов, човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого државата води кривична постапка, е јасен доказ со кои луѓе соработува Венко Филипче и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Фотографијата е потврда за поврзаноста на Венко Филипче и раководството на СДС со структури кои отворено работат против македонските национални интереси.

    Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев.

    Стојанов со години отворено промовира бугарска националистичка теза дека Македонците се дел од бугарскиот народ. Стојанов е познат по кампањата со која нудеше 300 евра на Македонците за промена на презимето од „-ски“ во „-ов“ или „-ев“, дистрибуција на книги на браќата Миладинови како „бугарски“.

    Стојанов лепеше налепници низ Скопје и другите градови со споени македонско и бугарско знаме и пораката дека „сме еден народ“, Стојанов имаше активности во Албанија со кои се обидуваше да ги убеди Македонците таму да се изјаснуваат како Бугари.

    Филипче и лица од најтесниот круг на СДС како Земон јавно шират ставови со кои се омаловажуваат македонските револуционери, се релативизира македонската историја и се промовираат тези дека Македонија и Бугарија се „еден народ“. Тоа не е политички став тоа е директен удар на СДС врз темелите на македонската државност.

    Токму затоа од видни членови на СДС кои виделе дека целата работа е отидена предалеку, сугерирано му е на Филипче да го тргне Земон од ИО на СДС за да не му штети на угледот на СДС, но да продолжат со да соработуваат во нивната агенда.

    Додека македонскиот народ бара цврста заштита на идентитетот, јазикот и историјата, Филипче и неговите соработници водат политика на потчинување и сервилност кон бугарските позиции.

    Зад приказната за „европска иднина“ на СДС се крие подготвеност за нови национални отстапки и бришење на македонскиот идентитет чекор по чекор. Внесувањето на Бугарите во Уставот не е последно барање, туку почеток на нова серија уцени насочени кон јазикот, историјата и културата.

    Македонија нема да прифати политика на понижување, самонегирање и национално распродавање.

    ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на секој обид за редефинирање на македонскиот идентитет и на секоја соработка со структури кои работат спротивно на интересите на државата и народот.

    Македонија мора да остане достоинствена, суверена и национално исправена држава“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.