Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Празнична честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската историја

    Празнична честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската историја

    24.05.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. 

    – Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат кон писменоста, просветата и духовниот развој на словенските народи. Нивната мисија беше подоцна продолжена од нивните ученици, меѓу кои и Свети Климент Охридски, преку чие дело се развива кирилицата, писмото кое претставува основа на македонскиот јазик. Делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја и културниот идентитет. Нивната просветителска мисија не познава граници, затоа што тие ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовните вредности што и денес нè обединуваат, се вели во честитката.

    Денешниот ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нè потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, да ја почитуваме традицијата, да вложуваме во образованието и да го пренесуваме ова бесценето наследство на идните генерации.

    – Да бидеме чувари на светлината што ја запалија Светите браќа Кирил и Методиј, зачувувањето на нивното дело е чест и одговорност кон нашето минато, сегашност и иднина, затоа што тие ја претворија писменоста во светлина за идните поколенија, напиша ВМРО-ДПМНЕ. 

    Прочитај повеќе

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.