Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција
    • Погледнете какви температури се измерени ширум Македонија вечерва во 20 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ со нови обвинувања за директорот на НОМАГАС: Се бара истрага за рент-а-кар компанија и апартмани во Маврово

    ДУИ со нови обвинувања за директорот на НОМАГАС: Се бара истрага за рент-а-кар компанија и апартмани во Маврово

    23.05.2026 во 11:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска објавуваме нови информации, како продолжение на изминатите соопштенија поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Ова што денеска го презентираме отвора сериозни прашања и претставува повод надлежните институции да постапат и да го испитуваат потеклото на капиталот и имотот, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

    „Станува збор за компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје, која е во сопственост на Недим Рама и партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Компанијата е регистрирана за изнајмување на автомобили и се наоѓа на официјалната листа на рент-а-кар компании на Меѓународниот аеродром Скопје.

    Го прашуваме Недим Рама: со колкав капитал и од кои извори се обезбедени средствата за набавка на овие возила и колкава е нивната вредност?

    Дополнително, преку истата деловна структура се издаваат и луксузни апартмани во Маврово. ДУИ изврши увид во податоците од Катастарот и според достапните информации, два апартмани се поврзани со Недим Рама – едниот е во негова лична сопственост, а вториот во сопственост на ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје.

    Во еден од имотните листови како со-сопственик се појавува и Лирим Хајредини, со идеален удел од една половина заедно со Недим Рама.

    Се поставуваат легитимни прашања: како е можно еден државен функционер да располага со капитал за возен парк за рент-а-кар компанија и со недвижности со висока вредност? Од кои извори се обезбедени средствата за овие инвестиции?

    Се отвора и политичко прашање: дали зад овој брз раст на капиталот и деловните активности постои поширока политичко-бизнис мрежа блиска до Изет Меџити? Јавноста има право на одговор дали Недим Рама дејствува како поединец или е дел од поширок круг на влијание и интереси.

    Затоа ги повикуваме Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да извршат детална проверка на потеклото на капиталот, финансиските текови и целокупната имотна состојба.

    Граѓаните имаат право на одговори. Транспарентноста не смее да биде селективна, особено кога станува збор за јавни функционери. Одговор мора да има за секој денар, за секоја инвестиција и за секој имот што се појавува во јавноста“, велат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.