Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Финансиските експерти предупредуваат: Секогаш треба да имате најмалку 35 евра кеш дома

    Финансиските експерти предупредуваат: Секогаш треба да имате најмалку 35 евра кеш дома

    22.05.2026 во 22:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Живееме во време на сè почести сајбер закани, големи технолошки неуспеси и страв од хибридна војна. Токму затоа Националната банка на Данска испрати необична, но јасна порака до граѓаните – готовината мора повторно да се користи.

    Данските власти објавија препораки за граѓаните и бизнисите да се подготват за можни големи кризи што би можеле да ги парализираат дигиталните плаќања и клучната инфраструктура. Како што објавија данските медиуми, предупредувањето следело по неколку сериозни инциденти што покажале колку се зависни модерните општества од технологијата и колку брзо може да се појави хаос кога системите ќе престанат да работат.

    Директорот на Националната банка на Данска, Улрик Нодгард, предупредил дека граѓаните повеќе не можат да се потпираат само на дигитални плаќања и интернет системи.

    Според него, проблемите можат да се појават поради големи технички дефекти, но и поради хакерски напади насочени кон клучната државна инфраструктура. Затоа банката сега препорачува граѓаните да имаат неколку различни методи на плаќање дома, вклучително и готовина.

    Во Данска, тие нè потсетуваат на големото затемнување во Шпанија и Португалија, кое траеше речиси 20 часа оваа година и ги парализираше продавниците, банките и платните системи.

    За време на тој прекин, готовината се покажа како клучна за нормалното функционирање на граѓаните.

    „Продавниците мора да бидат добро подготвени и да знаат како да функционираат за време на прекини во дигиталните плаќања“, предупредил Нодгард, додавајќи дека денес помалку од половина од Данците воопшто не чуваат готовина дома.

    „Искуствата од Иберискиот Полуостров покажаа дека готовината и алтернативните методи на плаќање можат да играат клучна улога. Граѓаните се најдобро подготвени кога имаат физички картички, готовина и мобилни плаќања“, изјавил тој.

    Препораките доаѓаат во многу чувствителен безбедносен момент за Данска. Директорот на данската разузнавачка служба, Томас Аренкиел, неодамна предупредил дека земјата е изложена на сериозни хибридни закани.

    „Русија води хибридна војна против Данска“, изјавил Аренкиел.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден

    12.09.2026 во 10:59

    Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат

    11.09.2026 во 23:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.