Close Menu
Press24
    Најново

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23

    Проширена Европа значи посилно НАТО

    08.07.2026 во 12:21

    Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“

    08.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пронајден мртов овчарот од Форино, потрагата траеше цела ноќ

    Пронајден мртов овчарот од Форино, потрагата траеше цела ноќ

    22.05.2026 во 18:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со трагичен епилог заврши потрагата по исчезнатиот 63-годишен маж од селото Форино, по кого полицијата, пожарникарите и жителите трагаа во текот на целата ноќ. Според информациите, исчезнувањето било пријавено синоќа околу 21:30 часот, откако семејството пријавило дека тој не се вратил дома и не можеле да стапат во контакт со него.

    Мажот работел како овчар во бачило во околината на Врапчиште, поради што веднаш била организирана теренска потрага во поширокиот регион. Во акцијата учествувале полициски службеници, пожарникари од Гостивар, како и граѓани кои се вклучиле во обидот да се пронајде исчезнатото лице.

    По речиси 9 часа потрага, утрово околу 6 часот, 63-годишникот бил пронајден без знаци на живот на територијата на Врапчиште, во близина на пат кој моментално го гради приватна компанија. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, каде лекар констатирал смрт. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

    Прочитај повеќе

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.