Close Menu
Press24
    Најново

    Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје

    08.07.2026 во 21:23

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините
    • Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Шукова: Колку жртви уште треба за Панче Тошковски да поднесе оставка?

    (ВИДЕО) Шукова: Колку жртви уште треба за Панче Тошковски да поднесе оставка?

    22.05.2026 во 11:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција упати остри критики до првиот човек на Министерството за внатрешни работи, барајќи негово итно повлекување од функцијата поради нарушената безбедносна состојба во земјава.

    Таа наброја низа кривични дела и трагични настани кои ја потресоа јавноста во изминатиот период, нагласувајќи дека полицијата потфрлила во својата основна функција.

    „После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка? Дека нема морал, дека нема систем – граѓаните веќе одамна знаат. Но жртвите стануваат премногу“, изјави Шукова.

    Опозицијата потенцира дека МВР воопшто не дејствува превентивно, особено кога станува збор за семејното насилство врз жените и децата.

    Како клучни примери беа посочени неодамнешните случаи во Кочани, Скопско, Велес и Старо Нагоричане, како и случаи на врсничко насилство и злоупотреба на малолетници во повеќе градови.

    „Во последните две години, со ВМРО-ОКГ на власт и Панче Тошковски на чело на МВР, Македонија живее во страв, несигурност и насилство кое стана секојдневие – во училиштата, во домовите, на улиците. Секој ден слушаме за нови жртви, нови трагедии, нови случаи во кои системот потфрлил“, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ.

    Шукова ја обвини актуелната власт за партизирање на полициските структури преку законските измени.

    Според партискиот став, безбедносните органи во моментов се фокусирани на други цели наместо на заштита на сите граѓани.

    „Системот е ставен во функција на заштита на власта, наместо на граѓаните. Одговорноста е директна кај министерот Панче Тошковски. Полицијата е партизирана со измените на Законот за МВР и претворена во инструмент за заштита на криминалната група ВМРО-ОКГ и за пресметка со опозицијата. Државата е небезбедна, институциите се нефункционални, а граѓаните оставени сами на себе. Панче Тошковски мора да ја преземе одговорноста. Оставка веднаш!“, стои во интегралниот текст.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.