Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската опера и балет со неизмерна тага и неверување ја прими веста за смртта на Ристе Велков: Слава му

    Македонската опера и балет со неизмерна тага и неверување ја прими веста за смртта на Ристе Велков: Слава му

    22.05.2026 во 10:57Updated:22.05.2026 во 11:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа, соопштија од неговата матична куќа.

    Од таму потенцираат дека македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек чија уметност остави длабока трага во нашата култура.

    Ристе Велков беше еден од водечките и најхаризматичните македонски баритони, роден во 1975 година во Скопје. Поради честите настапи во белканто продукции, тој во јавноста го доби епитетот „италијански баритон со кадифена боја“.

    Музичкото образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1999 година, во класата на професор Милка Ефтимова. Во 2011 година на истиот факултет и магистрира со највисока оцена.

    Во текот на кариерата се усовршуваше кај еминентни имиња како Гога Трајанов, Стојан Стојанов Ганчев, Антонио Бојер, Мирела Паруто, Николај Херлеа и Стојан Попов.

    Своето деби на сцената го имаше во 1996 година во претставата „Амадеус“ во Драмски театар, додека на „Мајски оперски вечери“ првпат настапи во 1998 година во „Риголето“. Потоа следуваа бројни домашни и меѓународни успеси, вклучувајќи ги и настапите во Јапонија со „Tokyo Opera“.

    Зад себе остави повеќе од 15 главни и водечки баритонски улоги меѓу кои се издвојуваат Набуко, Риголето, Магбет, Грофот Луна, Жорж Жермон, Амонасро, Ескамиљо и Валентин.

    „Неговата посветеност кон уметноста, впечатливите улоги и љубовта кон сцената ќе останат трајно запаметени. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и сите што го познаваа и почитуваа. Слава му. Македонска опера и балет“, стои во објавата од институцијата.

    Прочитај повеќе

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52

    Полициска интервенција во Неготино: Уапсен маж по пријава за физички напад врз сопругата

    27.09.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.