Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потпишан меморандум меѓу Град Скопје и НДИ за зајакнување на отпорноста од корупција

    Потпишан меморандум меѓу Град Скопје и НДИ за зајакнување на отпорноста од корупција

    21.05.2026 во 17:20Updated:21.05.2026 во 17:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) потпишаа Меморандум за соработка со цел навремено препознавање, намалување и спречување на ризиците од корупција во градската администрација. Документот е дел од поширокиот проект „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“.

    Како што соопштија од Градот Скопје, меморандумот го потпишаа градоначалникот на Град Скопје и директорот на НДИ, Роберт Скот Хејзлет.

    „Со овој меморандум ја продлабочуваме соработката меѓу Град Скопје и НДИ, преку конкретни активности насочени кон навремено препознавање, намалување и спречување на ризиците од корупција во градската администрација“, се наведува во официјалното соопштение.

    Преку оваа иницијатива, локалната самоуправа во главниот град ќе имплементира нови механизми за заштита, кои вклучуваат и надворешна стручна помош за вработените во јавниот сектор.

    „За мене, ова е важен чекор кон градење посилен, поотворен и поодговорен систем. Граѓаните заслужуваат институции кои работат чесно, транспарентно и ефикасно, со јасни процедури, поголема отчетност и помалку простор за какви било злоупотреби“, се потенцира во објавата.

    Проектот предвидува Град Скопје да добие експертска техничка поддршка за развој на внатрешни процедури за превенција, како и специјализирани програми за обука на градската администрација.

    „Целта е администрацијата уште подобро да ги препознава, спречува и пријавува коруптивните практики. Истовремено, ќе работиме на унапредување на транспарентноста преку објавување податоци и јавни информации, како и на дигитализација на услугите, со што ќе ја зголемиме ефикасноста, ќе ја подобриме достапноста за граѓаните и ќе ги намалиме можностите за коруптивни ризици“, стои во текстот на соопштението.

    Проектот дополнително ќе ја поврзе локалната власт во Скопје со останатите општини, државни институции, граѓанскиот сектор и медиумите за создавање поцврст систем на одговорност. На крајот, беше упатена и јавна благодарност до партнерите на проектот.

    „Благодарност до НДИ, како и до Швајцарската конфедерација и Шведска за поддршката на овој значаен проект. Продолжуваме да градиме Град Скопје кој функционира чесно, отчетно и во интерес на граѓаните“, се заклучува во објавата.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.