Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера

    Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера

    21.05.2026 во 15:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка.

    – Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка. Тој велеше дека во предистражна постапка малку се зборува, многу се работи, односно се собираат информации – нагласи претседателката.

    Сиљановска-Давкова истакна дека никогаш не ги толкува постапките на другите органи.

    – Јас почитувам поделба на власта, но не можам да не кажам дека малку сум збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите што доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во кои се објаснува нивната комуникација со Министерството за внатрешни работи. Не, не бегам од изјави. Меѓутоа, мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но, како што реков, и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка – заклучи претседателката.

    ОЈО ГОКК вчера потврди дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Во соопштението од таму беше наведено дека по добиено известување на 18.12.2025 година од МВР – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година, и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвориле предистражна постапка и веднаш ги презеле сите неопходни мерки и активности во согласност со своите законски надлежности.

    Во рамките на постапката, се додава, до Основниот кривичен суд било доставено барање за издавање наредба за пребарување компјутерски систем со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истовремено, биле издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални компјутери и од лаптопи доставени до МВР од Кабинетот на претседателката

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.