Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Обвинителот Ало Савески експресно го спаси Мицкоски од кривична пријава за само 2 недели

    Димитријевиќ: Обвинителот Ало Савески експресно го спаси Мицкоски од кривична пријава за само 2 недели

    21.05.2026 во 13:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ало Савески, обвинителот кој е на телефонска линија со Мицкоски, уште еднаш докажа зошто е поставен. Да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност.

    За само 2 недели, експрено донел решение за отфрлање на Кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Христијан Мицкоски, изјави денеска Саша ДИмитријевиќ од СДСМ.

    „Бидејќи пријавените кривични дела не се дела кои се гонат по службена должност“ пишува во решението за отфрлање на пријавата.

    Не го викнал ниту на распит.

    Да го праша за „чувствата“ за тоа како од позиција на премиер, јавно најавува кривични прогони,  таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија.

    Се слушнале на телефон повторно?

    Чувствата на Мицкоски ги диктираат судските пресуди и работата на обвинителството.

    Ова ало Савески го потврди.

    Само 2 недели за спас на Мицкоски му беа доволно, а од друга страна, Обвинителството  170 дена не реагира на аферите со криминални тендери на власта кои ги објави СДСМ.

    Нема ништо за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за Матсеф, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

    Нема одговор ниту за кривичната пријава против Трајко Славевски.

    Христијан Мицкоски е обвинител, судија, од кого зависат одлуките.

    Судството и обвинителството се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците.

    Затоа се обединуваме околу Фронт за вистина и правда и новиот Закон за антикорупција.

    Граѓаните повеќе немаат доверба во овој систем.

    Потребни се конкретни дела кои од корен ќе ја сменат работата и ќе го сменат криминалниот систем.

    СДСМ ќе ја продолжи борбата против криминална организација на Мицкоски.

    Нема да запреме.

    Доаѓа време кога сите ќе одговараат, од прв до последен, додаде Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.