Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев

    21.05.2026 во 11:05

    Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ

    21.05.2026 во 10:48

    СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО

    21.05.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
    • Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ
    • СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО
    • Крвава ноќ со дронови: Жртви во Русија и Украина, погоден град на 1.000 километри од границата
    • Утре во Шведска Муцунски на билатерална средба со бугарската колешка
    • Вознесение Христово – Спасовден: Се празнува 40 дена по Велигден
    • Војната се сели подлабоко во Русија: Нападнат град на 700 километри од границата, гори рафинерија
    • Вицепремиерот Сали свика прес-конференција – ќе објави колку сме напреднале со Реформската агенда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев

    Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев

    21.05.2026 во 11:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис. Филипче и Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, што секако не го добија, за сега повторно доколку имаат можност да направат нова отстапка на штета на Македонија, а тоа е внесување на Бугари во Уставот, со што би се отвориле нови блокади или вета од бугарските власти, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

    На Филипче му е јасно дека со ваков незначителен рејтинг, распадната партија и некомпетентност – единствен начин за тоа како би можел да дојде на власт е со слугување на други држави и нивните власти, удоволување на нивните барања и кодошење на државата.

    Наместо еднаш да покаже достоинство и да застане на вистинскиот пат, Филипче повторно ќе ги распродава националните интереси за свој личен интерес.  

    Уцените кои доаѓаат од Бугарија кон Филипче не се едноставни, затоа и е спремен да исполни се што ќе му се побара.

    За среќа на македонските граѓани Филипче нема да биде власт во Македонија, а дополнително и ќе одговара за својот криминал, додаде Манасиевски. 

    Прочитај повеќе

    Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ

    21.05.2026 во 10:48

    СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО

    21.05.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.