Close Menu
Press24
    Најново

    Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ 

    20.05.2026 во 19:16

    Паѓа цената на нафтата

    20.05.2026 во 19:14

    Каде да одите на одмор според хороскопскиот знак?

    20.05.2026 во 19:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ 
    • Паѓа цената на нафтата
    • Каде да одите на одмор според хороскопскиот знак?
    • 26 бродови поминале низ Ормутска Теснина
    • Жена поверувала дека е во врска со синот на Доналд Трамп, измамникот и барал 75.000 долари
    • Тинејџер нападнат од соученици кои долго време го вознемирувале
    • Шпионски скандал ја тресе Германија: Приведена брачна двојка под сомнеж за шпионажа во корист на Кина
    • Трамп со последна опомена до Техеран: „Иран, имате уште една шанса – последна“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ 

    Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ 

    20.05.2026 во 19:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржал работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Македонија.

    На средбата, како што соопшти МНРиНТ, министерот Муцунски ги информирал присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, бил презентиран и напредокот во изработката на Акцискиот план за почитување на правата на заедниците, како и тековните активности во рамки на Реформската агенда и останатите обврски од европскиот интегративен процес.

    -Посебно беше нагласена и континуираната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и поддршката за Украина, како јасен показател за стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија, стои во соопштението.

    На средбата биле разменети мислења за реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата, со акцент на потребата од негово забрзување.

    Во таа насока, била истакната важноста од засилена регионална соработка, искористување на концептот на постепена интеграција, размена на искуства и континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

    Средбата е дел од редовниот дијалог со претставниците на земјите членки на Европската Унија, насочен кон отворена размена на мислења и координација околу прашањата поврзани со европската интеграција на државата.

    Прочитај повеќе

    Тинејџер нападнат од соученици кои долго време го вознемирувале

    20.05.2026 во 18:00

    Инцидент во Крива Паланка: Нападнал музичка група во локал и им ја искршил опремата, заработи кривична пријава

    20.05.2026 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.