Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Мекотелните политики на Филипче и СДС и даваат на Бугарија можност за негирање на македонскиот идентитет

    (ВИДЕО) Манасиевски: Мекотелните политики на Филипче и СДС и даваат на Бугарија можност за негирање на македонскиот идентитет

    20.05.2026 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до опозициската СДСМ во однос на нивната позиција за уставните измени и евроинтегративниот процес, обвинувајќи ги за попустливост кон официјална Софија.

    Манасиевски истакна дека опозициската партија ја прифаќа терминологијата која е штетна за националните интереси.

    „Почитувани, Мекотелните политики на Филипче и СДС и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет. Филипче и СДС немаат против ние да бидеме „северномакедонци’’, напротив тие ја потврдуваат и шират оваа терминологија, заедно со нивната теза дека уставните измени се последниот чекор за влез во ЕУ.“

    Тој направи хронолошки преглед на сите досегашни меѓународни обврски кои државата ги преземаше низ годините, носејќи одлуки за симболите и Уставот.

    „Би сакал да ги потсетиме Филипче и СДС, дека промената на државно име беше последниот чекор за влез во ЕУ, па потоа беше промената на знамето, па потпа промената на Уставот, за потоа повторно да го промениме името на државата, и сега да дојдеме до промена повторно во Уставот за додавање на Бугарите, и секако и ова е последниот чекор кој треба да го исполниме за да станеме ЕУ членка.“

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на претходните најави на поранешното раководство на опозицијата кои, според него, не се реализирале.

    „Да не ги заборавиме и датумите за отпочнување на преговорите со ЕУ, кои менторот на Филипче, Зоран Заев неколку пати ги споделуваше во јавноста, за еве 5 години подоцна, поради тие нивни антидржавни политики да сме подалеку од ЕУ, отколку што бевме порано.“

    Според Манасиевски, сите клучни компромиси биле направени во мандатите кога со извршната власт раководеле кадри од СДСМ.

    „Филипче и СДС треба да извлечат поука од минатото. Тоа е дека Македонија е единствената држава која најмногу страдала и направила најмногу отстапки за да влезе во европското семејство. Сите отстапки кои ги има државата направено се од времето на СДС, кога луѓе поранешни функционери поради лични интереси ја продавале државата. Тоа се истите оние луѓе кои глумат патриоти и говорат за истото, а зад затворени врати потпишуваат бланко листови и го продаваат македонскиот идентитет.“

    Прес-конференцијата беше заокружена со став дека државните позиции не смеат да се менуваат заради внатрешно-политички мотиви на опозициските лидери.

    „Затоа, Македонија не смее да потклекнува поради криминалното минато на ликови како Зоран Заев и Венко Филипче, кои за да се спасат од правдата и да дојдат на власт, државата би ја однеле во амбис.“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.