Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    08.07.2026 во 16:47

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бизарен случај: Прогласен за мртов, па „оживеал“ на масата во погребалната куќа

    Бизарен случај: Прогласен за мртов, па „оживеал“ на масата во погребалната куќа

    20.05.2026 во 10:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Несекојдневен настан кој ја шокираше јавноста се случил во Бразил, откако 88-годишен маж практично се вратил од мртвите. Вработените во погребалната куќа забележале дека тој сè уште дише и покажува знаци на живот во моментите додека го подготвувале неговото тело за погреб.

    Станува збор за Хураси Роса Алвес, кој претходно бил хоспитализиран и прогласен за починат.

    „Хураси Роса Алвес бил примен во болница на 16 мај, каде што бил прогласен за мртов поради респираторна инсуфициенција, објави Дејли Меил. Потоа бил повикан погребален дом и 88-годишниот Алвес бил транспортиран таму за стандардни обдукциски процедури. Сепак, додека персоналот го подготвувал телото за погреб, забележале знаци на живот.“

    Раководството на погребалното претпријатие ја опиша драматичната ситуација и брзата реакција на нивните вработени кои веднаш се обиделе да му помогнат на старецот.

    „Нашиот погребален персонал го извршил транспортот според стандардните процедури“, изјави Жаклин Броџато, главен медицински технички надзорник на погребалната куќа. „Кога пристигнале во собата и го положиле на масата, забележале необични движења во абдоминалната област и не биле сигурни дали дише. На почетокот, кога сфативме дека има витални знаци, единственото нешто за кое размислувавме беше да го спасиме.“

    Таа додава дека првата помош била клучна додека медицинските екипи не пристигнале на местото на настанот.

    „Па му пружив прва помош, обидувајќи се да му ги ослободам дишните патишта додека не пристигна брзата помош. Сè се случи многу брзо, кога пристигнаа, докторот веднаш започна со седација и интубација за да може да биде префрлен во здравствена установа.“

    Алвес беше итно префрлен во болница во градот Пресиденте Пруденте во Бразил, каде што, според последните информации од 18 мај, тој сè уште беше таму. Роднините на Алвес раскажуваат за шокот кој го доживеале кога отишле да ги подготват работите за погребот.

    „Тетка ми отиде дома да ја подготви документацијата и облеката што требаше да ја носи мојот дедо за погребот“, рече еден роднина, продолжувајќи: „Кога стигнаа таму, на тетка ми и братучед ми им се чинеше дека доцнењето е чудно. Потоа на братучед ми му беше кажано дека е однесен во погребален дом за да го подготви телото, а кога стигнаа таму, персоналот ги забележа неговите витални знаци, дишеше и се движеше.“

    Поради сериозноста на пропустот, случајот веднаш бил пријавен кај надлежните органи, кои веќе покренаа соодветна постапка.

    „Полицијата беше известена и го регистрираше случајот како „неукажување помош“. Тие не го објавија името на докторот кој го прогласи Алвес за мртов. Алвес, жител на Емилијанополис, останува интубиран на единицата за интензивна нега во сериозна, но стабилна состојба.“

    Семејниот адвокат предупредува дека престојот на старецот во погребалната куќа без соодветна медицинска нега дополнително ја искомплицирал неговата здравствена состојба.

    „Според болницата во која моментално се лекува г-дин Хурачи, ситуацията можеби се влошила поради неговата возраст и времето што го поминал без соодветна грижа и третман“, рече Карлос Алберто Карнеиро, адвокат на неговото семејство.

    Од медицинската установа која го направила првичниот превид најавија детално расчистување на настанот. Првичната болница во Президенсо Бернардес соопшти дека ќе започне внатрешна истрага за инцидентот и дека е „достапна да даде какво било потребно разјаснување“.

    Прочитај повеќе

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.