Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ: Нема кратење на студентските стипендии, тоа е чиста манипулација

    Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ: Нема кратење на студентските стипендии, тоа е чиста манипулација

    19.05.2026 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе има намалување на студентските стипендии и ги оцени како манипулација обвинувањата на СДСМ, нагласувајќи дека Владата работи на унапредување на студентскиот стандард и подобра распределба на средствата. Таа појасни дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобро прераспределување во рамките на квотата со цел стипендиите да се базираат на успех, на потребите на државата и на пазарот на трудот.

    Министерката уверува дека бројките не се фиксни и дека досегашниот модел оставал неискористени средства во одредени групи.

    „Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско решение, туку се одлучува на годишно ниво, согласно Буџетот и согласно потребите на државата… Во последните пет години, квотата за социјални стипендии не се исполнува, односно истите не се доделуваат во бројот кој е предвиден. Тоа е позитивна статистика и не вреди да се напаѓа, имајќи предвид дека станува збор за „социјална категорија на граѓани“. Од друга страна пак, кога квотата од една група не се исполнува, таа не може да се пренесе во друга група и заради тоа остануваа недоделени стипендии“, наведува таа.

    Јаневска ги демантираше и тврдењата дека ќе поскапи сместувањето во студентските домови, најавувајќи ново законско решение со кое платите на вработените во домовите ќе бидат преземени од државата за да се намали товарот врз партиципацијата. Таа најави и дека ова лето започнува комплетна реконструкција на сите студентски домови во земјата.

    Реакцијата на министерката уследи откако СДСМ денеска јавно обвини дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се прават негативни промени за студентите. Според опозициската партија, измените значат кратење на дел од стипендиите, особено за студентите од социјално загрозени категории, како и можни повисоки трошоци за сместување во студентските домови.

    Прочитај повеќе

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52

    Гаши во Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.