Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски се пишмани – нема да оди во Белград

    Зеленски се пишмани – нема да оди во Белград

    19.05.2026 во 18:112 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Володимир Зеленський
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да ја посети Србија оваа недела. Наместо тоа, се очекува делегацијата на Украина во Белград да ја предводи Тарас Качка, вицепремиер за европски и евроатлантски интеграции, по претходните најави дека во текот на овие денови украинскиот претседател ќе престојува во Белград.

    Според информации од проверени извори, посетата на Зеленски на Белград првично била планирана за четврток на 21 мај, но истата е одложена во последен момент. Првичните најави за доаѓањето на украинскиот претседател во Србија биле сигурни, но подоцна станало јасно дека патувањето нема да биде реализирано во планираниот термин поради специфични причини. Посетата сепак би можела да се случи наскоро, но новиот датум ќе биде познат дури во последен момент.

    Евентуалното доаѓање на Зеленски во Белград отвора и сериозни прашања за политичките ефекти, особено низ призмата на односот на Србија кон војната во Украина и перцепцијата за нејзиниот исход. На политички план, во анализите јавно се поставува дилемата:

    „Ако сте претседател на Србија и очекувате победа на Русија, дали би го угостиле Зеленски во Белград?“

    Како што се наведува во анализите, истото ова прашање би можело да се постави и во обратна насока. Досега, контактите меѓу претседателите на Србија и Украина главно се одвиваа во текот на меѓународни политички самити. Од почетокот на војната во Украина, српскиот претседател еднаш ја посети Украина на 11 јуни 2025 година во Одеса кога се одржа Самитот Украина – Југоисточна Европа.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.