Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски од Форумот на ЕУСАИР: Испраќаме силна порака дека кога работиме заедно можеме многу повеќе

    Ѓорѓиевски од Форумот на ЕУСАИР: Испраќаме силна порака дека кога работиме заедно можеме многу повеќе

    19.05.2026 во 11:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Главниот град Скопје денеска е домаќин на 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), значаен регионален настан кој отвора простор за дијалог и размена на искуства. На настанот, покрај министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како говорник се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски во своето излагање посочи дека во време на брзи геополитички предизвици, економски притисоци и демографски трансформации, заедничкото дејствување на земјите е од клучна важност.

    „Регионалната соработка не е избор, туку неопходност. Само преку заеднички, координирани и одговорни напори можеме да градиме стабилен развој, посилна економска поврзаност, подобра инфраструктурна и институционална соработка, како и поголема општествена кохезија во целиот регион“, истакна Ѓорѓиевски.

    Тој појасни дека годинашниот форум е насочен кон клучните приоритети за заедничката иднина, како што се унапредувањето на спроведувањето на ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР и зајакнување на соработката во контекст на проширувањето на Европската Унија, што го оцени како заедничка стратешка цел.

    Посебен акцент во неговото обраќање беше ставен на помладата популација и демографските предизвици со кои се соочува целиот регион.

    „Тие не смеат да бидат само тема на разговор, туку активни учесници, носители на идеи и двигатели на промените. Демографските предизвици бараат сериозни политики што ќе создаваат можности, ќе ги задржат младите во регионот и ќе им дадат причина својата иднина да ја градат токму тука“, дециден е тој.

    Според него, прекуграничната соработка останува еден од најсилните инструменти за поврзување, додавајќи дека границите не треба да одвојуваат, туку да бидат мостови на доверба и партнерство.

    „Силно сум убеден дека овој форум ќе донесе нови идеи, зајакнати партнерства и конкретни чекори што ќе ја продлабочат регионалната соработка. Нашата цел е заеднички да создадеме решенија и резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните. Од Скопје денес, испраќаме силна порака, дека кога работиме заедно, кога градиме доверба и кога имаме заедничка визија – можеме многу повеќе“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.