Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство
    • Инцидент во казино во Кисела Вода: Гости и вработени поради проблеми со дишењето пренесени во болница
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела Вода
    • Акција на сообраќајната полиција: Уапсени десетина возачи – меѓу нив и 3 малолетници
    • Зеленски: За една недела убивме над 10.000 руски војници
    • Руски војници масовно се предаваат по украинската акција
    • Голема акција во Скопје: Се апси на повеќе локации за тероризам
    • Прилеп: Ја тепал жена му па го привела полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна одлука за ЕЕС системот: По Швајцарија и Хрватска донесе закон за долгорочни визи за професионалните возачи

    Падна одлука за ЕЕС системот: По Швајцарија и Хрватска донесе закон за долгорочни визи за професионалните возачи

    19.05.2026 во 10:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните мрежи соопшти дека Хрватска официјално го усвои новиот закон кој носи олеснување за македонските транспортери.

    Новата регулатива доаѓа како директен одговор на предизвиците со кои се соочуваат возачите при влез во европските земји.

    „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи“, објави Николоски.

    Според него, ваквиот правен чекор претставува директно олеснување на процедурите кои настанаа по промените во европската сообраќајна зона.

    „Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи“, потенцира министерот.

    Тој појасни дека оваа законска измена е плод на претходни билатерални разговори и договори со хрватските власти.

    „Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава“, истакнува Николоски.

    На крајот од своето излагање, тој посочи дека Хрватска не е единствената земја која воведува ваква практика и најави слични очекувања и за во иднина.

    „Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“, заклучува Александар Николоски.

    Прочитај повеќе

    Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство

    28.09.2026 во 13:08

    Инцидент во казино во Кисела Вода: Гости и вработени поради проблеми со дишењето пренесени во болница

    28.09.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.