Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли

    Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли

    18.05.2026 во 17:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Девојче спасило свој врсник од самоубиство. Откако забележала дека нејзин другар има план за самоубиство, се јавила на „Ало Бушавко“. Преку целосен интервенциски план на Меѓаши и стручните служби, со навремена интервенција на полицијата бил спасен млад живот. Ова е само еден од 19-те случаи минатата година, во кои деца и млади се јавиле на на беплатната линија со самоубиствени мисли, или забележале дека некој има намера да си го одземе животот.

    „Многу е загрижувачки што имавме 19 случаи за самоубиство, односно 19 деца кои или имале мисли или сакајќи, или пробувајќи да си го одземат својот живот кој е навистина загрижувачки и претставува аларм за целото општество и укажува потреба од навремена реакција од континуирана поддршка и внимание кон психичката состојба на децата и младите, изјави Мила Дамјановска“, операторка на линијата Ало Бушавко. 

    Меѓаши Годишниот извештај на линијата на Ало Бушавко за 2025 година го заокружува со 284 дојави. Најголемиот дел од пријавите биле телефонски. Операторите добиле и неколку текстуални пораки и мејлови.  Помош подеднакво побаале и момчиња и девојчиња.

    Најголем дел од повиците биле поврзани токму со психолошка поддршка, анксиозност, страв и чувство на осаменост за деца од 10 до 12 години. Веднаш потоа следуваат проблемите во семејството – најчесто разводи и конфликти меѓу родителите, а регистрирани се и случаи на физичко насилство.

    „Менталното здравје треба да биде системски приоритет, не треба да биде приоритет на извештајот на Меѓаши, на работата на психолозите, на поединци, туку системски приоритет, изјави Јордана Черепналкова Трајкоска, психолог, психосоцијална поддршка на деца и млади.

    Психолозите предупредуваат дека децата сè почесто тивко поминуваат низ сериозни психолошки кризи, а најважно е околината навреме да ги препознае сигналите.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.