Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Со новите измени го стеснуваме кругот на игрите на среќа, казината се оддалечуваат на 500 метри од училиштата

    Дурмиши: Со новите измени го стеснуваме кругот на игрите на среќа, казината се оддалечуваат на 500 метри од училиштата

    18.05.2026 во 15:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа, најави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

    Како што појасни министерот, примарната цел на овие законски измени е воведување ред во оваа индустрија и заштита на младата популација.

    „За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за младите“, рече министерот за економија.

    Дурмиши потенцираше дека ограничувањето од 500 метри не е политичка мерка, туку заштитна мерка со која се поставуваат јасни правила на пазарот.

    „Сме поставиле јасни правила бидејќи нема да дозволиме комарот да се рекламира како брз начин за да се збогатат или лесна заработка, особено во содржините кои влијаат кај младите. Целта е јасна – да се стави голема контрола и европски стандарди во борбата против оваа индустрија“, рече тој.

    Дополнително, со предлог-измените се очекува да се забранат и електронските игри на среќа бидејќи, како што посочи министерот, младите многу брзо можат да стигнат до нив.

    „Како владин кабинет ќе сме против ова се додека кога целосно ќе ги отстраниме од нашата земја. И тоа го правиме. Првично, измените се првиот чекор. Го стеснуваме нивниот круг, ги оддалечуваме од местата каде што се младите и ги ограничуваме рекламирањето“, изјави министерот.

    На прес-конференцијата, Дурмиши се осврна и на економските политики и плановите на Владата за зголемување на животниот стандард и платите во државата.

    „Со помош на колективните договори сме постигнале да ги зголемиме платите за да влијаеме во зголемување на продуктивноста во јавниот сектор, потоа да се зголеми минималната плата во приватниот сектор. Со Оперативниот план и со Законот за финансиска поддршка на инвеститорите со сите механизми. Ги поддржуваме приватниот сектор, стопанските комори и да создадеме подобри услови за вработените и тие да ја зголемат продуктивноста, истовремено ќе се зголеми и минималната плата. на ова сме посветени и работиме секој ден“, заклучи Дурмиши.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.