Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пирц Мусар од Љубљана: Не е фер Македонија поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје

    Пирц Мусар од Љубљана: Не е фер Македонија поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје

    18.05.2026 во 14:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија и активно ќе се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во Унијата, порача денеска словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

    На заедничката прес-конференција во Љубљана, Пирц Мусар појасни дека нејзината земја е дел од група од 15 членки на ЕУ кои предлагаат отворањето на преговарачките поглавја за земјите кандидатки да се одвива со квалификувано мнозинство, додека консензусот да остане само за конечниот прием.

    Таа укажа на фактот дека пред државите-аспиранти се поставува огромен товар за прилагодување кон европското право, додека Брисел премалку прави за процесот да биде побрз.

    „На државите кандидатки им наметнуваме огромен товар за усогласување со европското законодавство. Кога Словенија влезе во Европската Унија во 2004 година, требаше да усогласиме околу 80.000 страници од европското законодавство, а денес земјите кандидати мора да усогласат околу 95.000 страници. Истовремено, премалку се прашуваме што може да направи Европската Унија за процесот да биде побрз и поефикасен“, истакна Пирц Мусар.

    Според неа, сегашниот модел на одлучување овозможува билатерални прашања и политички блокади да го кочат проширувањето.

    „Денес Северна Македонија е во ситуација поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје. Тоа едноставно не е коректно и не е фер кон држава која сака да стане дел од Европската Унија“, нагласи словенечката претседателка.

    Таа додаде дека ЕУ е пред сè мировен проект кој носи стабилност, поради што за Западен Балкан членството мора да биде единствениот вистински пат.

    „Европската Унија пред сѐ е мировен проект. Новите членки носат стабилност и мир во регионот. За Западен Балкан, членството во Европската Унија мора да биде единствениот вистински пат кон стабилност“, рече таа.

    Македонската претседателка Сиљановска-Давкова направи паралела со регионалната поддршка што скандинавските земји им ја давале на балтичките држави и посочи дека Словенија е таков пример на Балканот.

    „Ако не сме спремни да го разбереме соседот во регионот и да го поддржиме, како може да очекуваме разбирање и поддршка во Брисел? Мислам дека тоа е логично и природно“, истакна Сиљановска-Давкова, поздравувајќи ја словенечката помош и регионалната солидарност.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.