Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Шукова: Бараме разрешување на Неделковски од Вардар и блокирање на видеата на Тасевски

    18.05.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче славеше победа на Бугарија на Евровизија за да им се додвори

    18.05.2026 во 11:37

    Хантавирусот се шири на украинските фронтови во Суми и Харков

    18.05.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Шукова: Бараме разрешување на Неделковски од Вардар и блокирање на видеата на Тасевски
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче славеше победа на Бугарија на Евровизија за да им се додвори
    • Хантавирусот се шири на украинските фронтови во Суми и Харков
    • СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа
    • Убиство во Кисељак: Ја убил бабата, ја ранил сопругата, убиецот пронајден тешко ранет
    • Една општина доделува субвенции до 10.000 денари за инвертери и соларни панели
    • Овие пет хороскопски знаци не знаат да штедат и лесно ги трошат парите
    • Полицијата во акција: Пишани 1026 казни за два дена, приведени 34 возачи, одземени 23 возила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Шукова: Бараме разрешување на Неделковски од Вардар и блокирање на видеата на Тасевски

    (ВИДЕО) Шукова: Бараме разрешување на Неделковски од Вардар и блокирање на видеата на Тасевски

    18.05.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција упати остри критики за јавните настапи на одредени јавни личности, обвинувајќи ги за ширење навреди, понижувања и говор на омраза насочен кон жените во општеството.

    Од опозициската партија соопштија дека последни жртви на ваквите напади се македонската пејачка Каролина Гочева, како и портпаролката и жените членки на СДСМ, поради што најавуваат соодветни правни пријави.

    Како дел од барањата, Шукова побара итно разрешување на Миленко Неделковски од функцијата извршек директор на ФК Вардар, како и санкционирање на Сашо Тасевски преку блокирање на неговите содржини на социјалните мрежи.

    Според партискиот став на СДСМ, актуелната состојба со реториката во јавноста е директна последица на долгогодишните политички стратегии на владејачката партија.

    „Сето ова е резултат на политиката на говор на омраза, поделби и пропаганда што со години ја гради ВМРО-ОКГ, со помош на орбановата мрежа на медиуми и ботови, ликови како Латас како медиумски координатор, и се тоа со амин лично на Христијан Мицкоски“, изјави Шукова.

    Од Форумот на жени обвинуваат дека на социјалните мрежи се координира организирана кампања за деградација на неистомислениците, активистите и новинарите кои ја критикуваат власта.

    Шукова упати критика и до Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ поради отсуството на реакција и јавна осуда за овие појави.

    На крајот, од СДСМ порачаа дека продолжуваат со борбата против сите форми на насилство и деградација преку обединување во соодветен фронт за заштита на достоинството на жените.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче славеше победа на Бугарија на Евровизија за да им се додвори

    18.05.2026 во 11:37

    СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

    18.05.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.