Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Една општина доделува субвенции до 10.000 денари за инвертери и соларни панели

    Една општина доделува субвенции до 10.000 денари за инвертери и соларни панели

    18.05.2026 во 11:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, како дел од мерките за унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

    Со овој јавен повик се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот уред или панел, односно најмногу до 10.000 денари по производ.

    Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, посочи дека мерката има за цел да го поттикне користењето на енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија во домаќинствата, со што директно се придонесува за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот.

    Според условите, право на учество имаат сите граѓани со постојано живеалиште на територијата на општината кои ќе набават инвертер клима или соларен панел почнувајќи од 18 мај 2026 година.

    Повикот ќе биде отворен сè до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што оваа субвенција може да се искористи само еднаш по едно семејство.

    Пристигнатите барања од граѓаните ќе се разгледуваат по редослед на поднесување, односно по принципот „прв дојден, прв услужен“.

    Од локалната самоуправа напоменуваат дека надлежната комисија ќе има право да изврши увид на лице место за да ја потврди поставената опрема кај апликантите.

    Сите заинтересирани граѓани дополнителни информации за условите и потребната документација можат да добијат во просториите на општината или на нејзината официјална веб-страница.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.