Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се решава децениски проблем: Потпишан договорот за проект за зафаќање на вода од Раштанска река во Гази Баба

    Се решава децениски проблем: Потпишан договорот за проект за зафаќање на вода од Раштанска река во Гази Баба

    18.05.2026 во 10:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека е склучен договорот за изработка на основен проект за зафаќање на вода од Раштанска река, со што започнува решавањето на децениското барање на жителите од ова населено место.

    Од локалната самоуправа посочуваат дека станува збор за долгогодишен проблем и потреба на населението, за кој изминатите години постоел голем интерес и очекување.

    Со изработката на основниот проект се поставуваат темелите за реализација на овој капитален зафат, кој во иднина треба да овозможи подобри услови и поквалитетна инфраструктура за жителите.

    Како што појаснува градоначалникот Стефковски, финансиските средства за реализација на овој проект се веќе обезбедени од страна на Министерството за локална самоуправа.

    Според него, ова претставува уште еден доказ за успешната и партнерска соработка помеѓу централната и локалната власт која се спроведува во директен интерес на граѓаните.

    Од општина Гази Баба додаваат дека продолжуваат посветено да работат на реализација на проекти кои директно ги решаваат потребите на граѓаните и придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места.

    Населбата Раштак, како што се наведува, заслужува внимание, инвестиции и конкретни решенија, а овој проект е придвижен токму во таа насока.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.