Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Почна истрага за „4iG“ во Унгарија, Мицкоски наскоро ќе мора да одговара пред граѓаните

    СДСМ: Почна истрага за „4iG“ во Унгарија, Мицкоски наскоро ќе мора да одговара пред граѓаните

    16.05.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура, поврзувајќи ги со наводни коруптивни зделки и унгарската компанија „4iG“. Од партискиот Центар за комуникации со јавноста тврдат дека меѓународните истраги наскоро ќе ги разоткријат сите тајни договори на власта.

    „После истрагата за медиуми, започна истрагата за 4iG-наскоро Мицкоски ќе мора да „одговари“ пред граѓаните. Додека во Унгарија започнува истрага за огромниот договор на Орбановата влада со компанијата 4iG (1,3 трилиони форинти), во Македонија Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да молчат. Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок? Се сретна токму со претставниците на 4iG? Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски работници, но него не го пријави. Се сеќавате ли дека 4iG купија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија? 4iG имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија. Сè што СДСМ го зборуваше со месеци сега излегува на виделина.“

    Во продолжение на соопштението, СДСМ се осврнува на надворешно-политичките ставови на државниот врв и ги повикува итно да преземат чекори за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.

    „Мицкоски веќе призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Наскоро ќе признаат и дека малцинствата во Уставот се европско, а не бугарско прашање. Наскоро ќе мораат пред правдата да признаат сè. Додека ги чекаме тие признанија, испратете ги документите за екстрадиција на Груевски веднаш! Ние за вас нема да мораме да ги испраќаме. Нема да имате каде да бегате. Сите ќе одговарате!“

    Опозициската партија ја завршува својата реакција со порака дека одговорноста пред законите е неминовна за сите инволвирани во овие процеси.

    „Вистината излегува на виделина. Доаѓа времето на правдата и одговорноста. Реформи сега. Европа сега.“

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.