Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Абази одработува за СДС и ДУИ и ги спасува од одговорност криминалците со стопирање на случајот „Мазут“

    ВМРО-ДПМНЕ: Абази одработува за СДС и ДУИ и ги спасува од одговорност криминалците со стопирање на случајот „Мазут“

    16.05.2026 во 10:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за наводно партиско одработување и амнестирање на висок криминал. Во партиската реакција, која МИА го објавува интегрално, се тврди дека првиот човек на ОЈО ГОКК донел скандалозна одлука за прекинување на голема финансиска истрага.

    „Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДС и ДУИ. Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДС и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра. Повеќе од јасно е дека со ваквата скандалозна одлука, Абази е под лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата професионална кариера во чие време стана шеф на ОЈО ГОКК.“

    Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението директно именуваат поранешни функционери и бизнисмени, тврдејќи дека и покрај обезбедените докази од страна на Министерството за внатрешни работи, обвинителството свесно решило да го затвори предметот.

    „Затоа Абази не виде криминал, којшто цела јавност го виде и слушна, во предметот за набавката на мазут вредна 167 милиони евра за потребите на ТЕЦ Неготино од лицата блиски до ДУИ и СДС, како што се Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски и нивните партнери. И покрај тоа што стручни истражители од Министерството за внатрешни работи, обезбедиле релевантни докази за оваа коруптивна и криминална набавка, сепак Ислам Абази и неговата соработничка Коларевиќ од ОЈО ГООК, одлучуваат оваа истрага да биде прекината и за тоа кривично никој да не одговара. Згора на тоа и АД ЕСМ излезе со јавна реакција во која вели дека обвинителството ги искривило исказите и наодите на вештите лица кои немаа надлежност да зборуваат за финансиската штета која е предизвикана на претпријатието.“

    На крајот од соопштението, владејачката партија бара итна реакција од страна на Советот на јавните обвинители, потенцирајќи дека за овој случај мора да има темелна проверка поради сомнежи за повеќе тешки кривични дела.

    „Тоа што треба да се знае е дека Советот на јавните обвинители, по закон, има обврска да ја следи работата на обвинителите и согласно овие законски надлежности обвинителот Ислам Абази и неговата колешка Коларевиќ, треба да бидат темелно испитани и сослушани. Заедно со нив, исто така, треба да биде истражена и постапката и начинот на којшто тие одлучуваат да го прекинат овој случај наречен „Мазут“ и обвинетите, уште пред да појдат на суд, да ги амнестираат од каква било одговорност или од какво било обвинение. Тоа е предмет за кој постојат сериозни индиции и сомнежи за криминал, корупција, перење пари, но и загадување на животната средина и со тоа и труење на граѓаните и македонската јавноста има право.“

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.