Close Menu
Press24
    Најново

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23

    Проширена Европа значи посилно НАТО

    08.07.2026 во 12:21

    Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“

    08.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања

    Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања

    15.05.2026 во 16:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) активно бара техничко решение за надминување на проблемите со исплатата на надоместокот за породилно отсуство. Според директорот на Фондот, Сашо Клековски, дел од кочниците се појавуваат кај помалите фирми кои прават грешки при административното пријавување на родилките.

    Клековски, кој денеска престојуваше во Прилеп, појасни дека често не се прави разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост и редовно породилно отсуство, каде што процентите на исплата и процедурите се различни.

    Грешки во пријавувањето од страна на фирмите

    Директорот на ФЗО посочи дека само во текот на овој месец се регистрирани десетина вакви случаи по поднесени жалби од граѓани.

    „Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од другите исплати, овие се фреквентно променливи и некогаш процесите не се следат соодветно. Дел од проблемите што настануваат се, посебно од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост и на породилен надомест. Разликата е во тоа што за едните надоместот е 70, а за другите е 100 проценти. А за тоа мора да се поднесе ново барање. Само овој месец имавме 10-тина случаи на жалби и констатиравме дека е побаран надомест за патолошка бременост, а не е испратен документ дека родилката е на породилно отсуство. Работиме на тоа, ние постојано се извинуваме за непријатностите, меѓутоа се трудиме да најдеме техничко решение за да го олесниме процесот и на пријавување и на исплата“, објаснува Клековски.

    Рачна верификација на почетокот и крајот на боледувањето

    Дополнителен предизвик за брза исплата претставува и самиот систем, особено за првиот и за последниот месец од породилното отсуство, каде што проверките сè уште се вршат рачно во подрачните служби.

    „Во основа, подрачните служби ги верификуваат породилните отсуства, ги испраќаат во дирекцијата во Скопје каде што се исплаќаат боледувањата. Ние, како што пристигнуваат породилните и другите долги боледувања, така ги исплаќаме. Само минатиот месец имаме исплатено 511 милиони денари за боледувања. Минатата година исплативме 72 милиони евра за породилни боледувања. Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од други исплати, овие се фреквентно, променливи исплати и некогаш процесите не се следат соодветно“, вели Клековски.

    Овие информации првиот човек на ФЗО ги соопшти за време на промоцијата на нова медицинска опрема во болницата во Прилеп.а време на промоцијата на нова медицинска опрема во болницата во Прилеп.

    Прочитај повеќе

    Проширена Европа значи посилно НАТО

    08.07.2026 во 12:21

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.