Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 

    15.05.2026 во 14:48

    Гостиварец заработи кривична – следел и вознемирувал малолетничка преку мобилна апликација

    15.05.2026 во 14:40

    Рачна бомба пронајдена во двор во Гази Баба

    15.05.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 
    • Гостиварец заработи кривична – следел и вознемирувал малолетничка преку мобилна апликација
    • Рачна бомба пронајдена во двор во Гази Баба
    • Ужас на детско игралиште во Скопје: Куче со сопственик нападна седумгодишно девојче
    • Гореше куќа во скопско Инџиково – сопственикот тешко повреден
    • Пожар среде ноќ во Скопје: Гореше кров на ресторан на „Втора македонска бригада“
    • „Ќерка ви има скршеница, донесете пари во болница“ – велешанка „олеснета“ за 4.000 евра
    • МВР со полни раце работа: Малолетничко насилство во Неготино, напади со тврди предмети и пресметки со полицијата низ Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 

    Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 

    15.05.2026 во 14:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата.

    Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и комерцијалната директорка на ЕКОТИП, Ина Милошевска, извршија увид во функционирањето на новата технологија што веќе се применува во повеќе објекти на територијата на општината.

    Станува збор за иновативен и еколошки систем кој преку стабилизирана озонска технологија создава средство за чистење и дезинфекција без употреба на агресивни и штетни хемикалии. Овој систем овозможува ефикасно уништување на 99,9% од бактериите, вирусите и други патогени микроорганизми, а притоа е безбеден за секојдневна употреба во простории каде што престојуваат децата.

    Општина Аеродром и во иднина продолжува со имплементација на современи практики и технологии кои обезбедуваат поквалитетни услови за децата и повисоки стандарди во јавните установи.

    Прочитај повеќе

    Орце Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, службените патувања сам си ги плаќам

    14.05.2026 во 20:55

    Утре дел од една скопска општина неколку часа ќе остане без електрична енергија

    14.05.2026 во 16:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.