Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар

    15.05.2026 во 09:46

    Битиќи: Јавниот долг за две години порасна за 2,5 милијарди евра

    15.05.2026 во 09:44

    Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори

    15.05.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар
    • Битиќи: Јавниот долг за две години порасна за 2,5 милијарди евра
    • Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори
    • СДСМ: Мицкоски, Муцунски и Сиљановска ја потврдија нашата вистина, сега треба да им се извинат на граѓаните
    • Денеска се слави летен Атанасовден – се празнува двапати во годината
    • ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата
    • Дневен хороскоп: Тензичен ден кој бара трпение, еве што ги очекува хороскопските знаци
    • Проверете ги сметките: Почна исплатата на „МојДДВ“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар

    Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар

    15.05.2026 во 09:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните.

    По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани.

    Особено внимание се посветува на младите семејства, преку финансиската поддршка за новороденче, која годинава е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.

    Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се издвоени околу 4 милиони денари, а од јануари до денес се исплатени 696.681 денар.

    „Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој  родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

    Дополнително, во план е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со што ќе се одговори на потребите на семејствата од тој дел на Општина Центар.

    Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.

    Прочитај повеќе

    Проверете ги сметките: Почна исплатата на „МојДДВ“

    15.05.2026 во 09:09

    Проверете си ги сметките – започна исплатата на МОЈ ДДВ

    14.05.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.