Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите

    Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите

    13.05.2026 во 20:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регионалниот суд во германскиот град Бремен денеска донесе пресуда против кондиторскиот гигант „Монделез интернационал“ (Mondelēz International), откако утврди дека компанијата ги довела во заблуда потрошувачите со намалување на грамажата на популарното чоколадо „Милка“, без притоа да ја промени амбалажата.

    Во образложението на пресудата се наведува дека препознатливиот изглед на пакувањето кај купувачите создава очекување за одредена количина производ, додека потрошувачите лесно можат да ги превидат ситно испечатените податоци за грамажата, кои на полиците во продавниците честопати се покриени со рабовите на рафтовите.

    Анализата покажала дека новата табла „Милка“ во пакувањето станала потенка за само еден милиметар. Визуелно, пакувањето останало идентично со претходното, што судот го оцени како свесно користење на ефектот на препознатливост за да се прикрие реалната промена на содржината.

    Судската постапка ја покрена Здружението на потрошувачи од Хамбург, откако „Монделез“ минатата година ја намали тежината на стандардните табли чоколадо од 100 на 90 грама, додека малопродажната цена истовремено порасна од 1,49 на 1,99 евра, објави „Шпигел“. Клучниот проблем не бил само намалувањето на количината, туку и фактот што пакувањето останало со иста големина и дизајн, се наведува на интернет-страницата на здружението.

    Пресудата сè уште не е правосилна, но се очекува да има влијание врз прехранбената индустрија во Европа, каде што во последните години сè почести се поплаките за т.н. „шринкфлација“ — практика на намалување на количината на производот со задржување или зголемување на цената. Здруженијата на потрошувачи бараат секој производ чија грамажа е намалена да има јасно истакнато известување на пакувањето во период од најмалку шест месеци, како и големината на амбалажата да се намалува паралелно со намалувањето на содржината.

    Од „Монделез“ ги отфрлаат обвинувањата и наведуваат дека новата тежина е јасно означена на пакувањето, како и дека потрошувачите биле информирани за промените преку официјалната интернет-страница и социјалните мрежи. Компанијата како причина ги наведува зголемените трошоци во синџирот на снабдување, вклучително и поскапувањето на суровините.

    Чоколадото во последните неколку години значително поскапе на европскиот пазар поради проблемите во производството на какао во Западна Африка, каде што неповолните временски услови и болестите кај растенијата ги намалија приносите. Според податоците на статистичките институции, цената на чоколадото во просек е значително повисока отколку во 2020 година, што влијаело и врз потрошувачките навики.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.