Вчера во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.
- Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
- Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
- Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
- Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
- Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“
- ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
- Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот
- (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода

