Close Menu
Press24
    Најново

    Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго

    31.10.2026 во 15:39

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55

    Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес

    31.10.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
    • Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“

    Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“

    13.05.2026 во 13:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со читање на сведоштвата на две девојки денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Една од преживеаните во својот исказ посочи дека објектот редовно работел без контрола на документи и без обележани противпожарни излези.

    Таа наведе дека критичната вечер во дискотеката биле користени пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК.

    „Пожарот го забележав откога друг присутен викна дека ‘се запалило’, по што настана паника и турканица кон единствениот излез што го знаев“, се вели во нејзиниот исказ.

    Девојката опиша дека на скалите и кај главната врата се создал огромен метеж, по што била извлечена од други лица и пренесена во болница поради вдишан чад и повреди.

    На денешното рочиште беше прочитана и изјавата на вработена во кафетеријата на сопственикот, која во пожарот ги изгубила дечкото и блиски пријатели.

    Одбраната на обвинетите се спротивстави на овие докази, тврдејќи дека девојките имале „душевно растројство“ според вештачењата. Обвинителството, пак, побара исказите да се прифатат за да се избегне дополнителна виктимизација на жртвите.

    Судењето за трагедијата од 16 март 2025 година го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Прочитај повеќе

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55

    Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес

    31.10.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.