Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот

    13.05.2026 во 13:33

    (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода

    13.05.2026 во 13:26

    Николоски: Со 12 милиони евра „8-ми Септември“ стана најмодерна болница во државата

    13.05.2026 во 13:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот
    • (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода
    • Николоски: Со 12 милиони евра „8-ми Септември“ стана најмодерна болница во државата
    • Демант од АХВ: Не сме дале изјава дека животното од Козле е чипирано куче, а не волк
    • Екс министерот Николовски под сомнение за распределба на 800.000 евра
    • Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто
    • Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија
    • Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот

    Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот

    13.05.2026 во 13:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази сериозно незадоволство од одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ „Неготино“. По увидот во реновираните делови на ГОБ „8-ми Септември“, тој најави дека АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни лекови за случајот да биде вратен во процедура.

    Мицкоски не го криеше изненадувањето од ваквиот потег на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

    „Јас со неверување ја примив таа вест и искрено да кажам бев бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ најави дека штом ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба. Очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на повторно разгледување и повторно анализа“, изјави премиерот.

    Според претседателот на Владата, доколку предметот не биде повторно разгледан, тоа ќе значи сериозен удар врз угледот на надлежното обвинителство.

    „Ова ОЈО ГОК предводено од Ислам Абази, сме го коментирале, немам што дополнително да кажам. Јавноста знае за каков обвинител станува збор. Ако тоа не се случи, тогаш навистина Обвинителството за гонење на организиран криминал ќе го изгуби својот кредибилитет“, потенцираше Мицкоски.

    Тој откри и дека за случајот разговарал со јавниот обвинител Ненад Савески, кој не бил запознаен со одлуката на ОЈО ГОК. Мицкоски заклучи дека очекува по вложената жалба случајот да биде вратен на повторна анализа.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода

    13.05.2026 во 13:26

    Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија

    13.05.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.