Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ

    ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ

    13.05.2026 во 10:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, велат од ВЛЕН.

    „Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е прозападен би се дистанцирал веднаш.

    Доколку ваков навредлив говор кон САД и ЕУ доаѓа од пратеник кој по професија е лекар и важи за професионално изграден човек, тогаш со право се поставува прашањето: каков менталитет преовладува во остатокот од структурите на ДУИ? Што мислат личности како Муса Џафери, Блерим Беџети или Садула Дураку? И дали овој гнев кон меѓународната заедница е резултат на фактот што списокот на функционери на ДУИ кои завршиле на американската црна листа постојано се проширува?

    ДУИ секојдневно докажува дека го изгубила евро-атлантскиот курс и дека, соочена со политичка криза и губење на довербата кај Албанците, сè повеќе тоне во опасен антизападен дискурс.

    ВЛЕН повторно истакнува дека Албанците остануваат најпроамериканскиот и најпроевропскиот народ во регионот и нема да дозволат никој, поради политичка паника и губење на власта, да ја наруши нашата стратешка и историска ориентација“, стои вп соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.