Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пиун на Радев и лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пиун на Радев и лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

    13.05.2026 во 09:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија.

    Не почека ни еден ден по доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче веднаш се стави на располагање на Румен Радев и директно изјави дека, доколку тој биде на власт ќе го исполни секое едно барање на Бугарија. 

    Додека народот е против, Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања. Вака отворено против граѓаните може да излезе само уценет политичар кој е заглавен во криминал. 

    Нема човек во државата на кој не му е јасно дека Венко Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали и затоа е должен да му одговори на македонската јавност, со што точно е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

    Додека ја чува фотелјата во СДС, подарена од неговиот ментор Зоран Заев, јасно и гласно Филипче ги промовира и следи неговите политики на удоволување на секој еден од надвор, освен на Македонија и македонскиот народ.

    Со секојдневните негови изјави, Филипче се повеќе тоне, на и така нискиот рејтинг од само 3% кој е понизок од партискиот, и него веќе никој не го слуша додека секојдневно зборува за евроинтегративниот процес на државата, а всушност е загрижен само за неговата партиска фотелја.

    Тоа што е добро, што македонскиот народ веќе знае со кој си има работа и доверба на ликови како Заев и Филипче, кои за власт се спремни на прифаќање на разни ултиматуми, услови и отстапки кои задираат во националниот идентитет, веќе не дава.

    Лекциите од минатото се научени, такви антидржавни политики кои ги промовираат и спроведуваат СДС, Заев и Филипче граѓаните ги не поддржуваат и со сигурност на следните избори ќе ги отстранат од политичката сцена, по што ќе бидат запишани на темните станици од историјата како најголемите предавници на македонските национални интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.